Македонските мед и компири повторно на косовскиот пазар. Бариерите помеѓу Македонија и Косово по еден месец се тргнати. На листата земји од кои може да се увезуваат икра и рибин подмладок во државава, повторно се најде Косово, откако ги исполни условите за спроведен пасивен и активен мониторинг на младите риби. Според министерот за економија Крешник Бектеши нема да има компромис и остапки и понатаму, кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

„Иако со задоцнување од една недела доставена е програмата што се однесува на мониторинг и пасивен и активен за икрите и помладокот на риби и согласно тоа Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија веќе ги стави денеска на листата на држави од кои може да се увезуваат икри и помладок на риби, а со тоа и тие ги укинаа нивните мерки. Многу е важно да се наведе фактот ние како Влада и Минстерство за економија уште еднаш покажавме и така ќе продолжиме дека нема да има компромеси за стандардите кои треба да бидат исполнети“, рече министерот Бектеши.

И покрај бариерите кои веќе еден месец стоеа помеѓу двете држави,  македонската економија нема да има никаква штета, бидејќи овие два производи ги задоволуваат европските стандарди посочи Бектеши. Трговските бариери започнаа откако Македонија забрани увоз на икра и риби од Косово, а како контра мерка од земјава неможеше да се извезува мед и компири на косовскиот пазар.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...