Билансот на жртвите од масакрот во две џамии на Нов Зеланд се искачи на 49 додека повеќе од 20 се ранети, соопшти комесарот на полицијата Мајк Буш. Тој прецизираше дека во едната џамија се убиени 41 лице, во другата седум, а едно лице починало во болница, пренесува Ројтерс. На прес конференцијата беше нагласено дека нападот бил добро планиран, но не се соопшти дали истиот напаѓач е одговорен за масакрот во двата верски објекта.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардем, изјави дека ваков настан може да се опише само како терористички напад, информирајќи дека степенот на безбедност во државата е подигнат на највисоко ниво, пренесува Би-Би-Си.

Премиерката Ардем соопшти дека досега во врска со случајот се притворени четири лица, тројца мажи и една жена.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...