Домашната економија во 2017 – та година е нула. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонскта еконмомија стагнира и лани бруто домашниот производ бил рамно нула. Ни плус, ниту минус. И покарј ваквиот поразителен резултат, од Влада оптимисти и се надеваат ќе ја оживее економијата со Планот за економски раст. Сепак, ова се уште не е поминато во Владата, а ќе треба да добие зелено светло и во Собранието, кој во моментов е блокиран поради Законот за јазиците. Министерот за економија Крешник Бектеши повтроно со апели до парламентарците.

Јас сум во континуиран разговор со Претседателот и откако Законот за финансиска поддршка на инвестициите ќе биде усвоен во Владата на РМ, а тоа ќе биде во вторник, јас би сакал, сум разговарал и имам подготвеност од претседателот на Собранието, овој Закон да се стави на дневен ред што е можно побрзо. Законот се гласа со 61 глас“, рече Крешник Бектеши – министер за економија.

Бизнисмените од Комората на северозападна Македонија сметаат дека 40 – те милиони денари кои ги има предвидено Владата за помош на стопанството се доволни. Но, бараат формирање на орган што ќе го надгледува процесот на субвенционирање, како и санкции за оние кои ќе направат злоупотреби.

Бараме средствата да се искористат на добар начин и на вистинско место, затоа што имавме искуство каде некои средства кои беа предвидени не беа добро искористени или беа злоупотребени. Подобро средствата што се алоцирани за поддршка на бизнисот да бидат соодветно распоредени и да има бенефит од тоа домашната економија“, изјави Неби Хоџа – претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија.

Од Комората бараат апликациите за добивање на државна помош да бидат едноставни за пополнување, со услови кои ќе можат малите и средни претпријатија да ги пополнат и да ги искористат. Новина е и тоа што во Планот за економски раст се предвидува посебен дел со кој ќе се привлекуваат иселениците да дојдат и да инвестираат во земјава. Бектеши се уште не знае дали и за тој дел ќе бараат зелено светло од парламентот преку гласање или пак само преку Владина одлука ќе се вметне во Законот.

Верица Павлоска

Shpërndaj me