Разбојник од Гостивар осуден на затворска казна заради повеќе грабежи во гостиварскиот регион, во текот на вчерашниот ден е приведен и пренесен во казнено поправната установа во Тетово.

Како што прецизираат од МВР:

На 07.11.2019 околу 14.00 часот на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар го привеле Е.А.(34) од Гостивар, осуден на затворска казна за сторени повеќе кражби на поширокото гостиварско подрачје. Е.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...