Зависно од тоа што ве интересира на интернет, и доколку сте фанови на Стивен Фрај и неговата “Planet Word”, сигурно сте слушнале дека англискиот јазик има најмногу зборови од било кој друг јазик на Земјата, меѓутоа, чудно е зошто Англичаните се уштe го тврдат тоа.

За среќа, некој веќе ги пребројал зборовите во речникот од Оксфорд на англиски јазик, и тоа од сите 20 тома. Овој речник содржи околу 171.000 зборови кои моментално се во употреба, а 47.156 зборови се сметаат за застарени. Постојат уште околу 9.500 изведени зборови. Сèвкупно, постојат околу 228.000 зборови во речникот. Но, дали ова е повеќе од било кој друг јазик?

Англискиот јазик навистина има многу зборови, но благодарение на не така малиот дел од хибридното потекло од романскиот и германскиот јазик. Сепак пребројувањето на зборовите е тешка задача. Исто така, секој јазик има потешкотии кога станува збор на бројот на зборови, или кога се работи за составување на зборови на прво место.

Во германскиот и турскиот јазик, на пример, целата синтакса може да се замени со еден збор. Додека кај мандаринскиот кинески јазик, кој е составен од неколку илјади знаци, од кои некој дел од знаците функционираат како самостојни зборови, поголемиот дел од нив можат да се комбинираат со други знаци со цел да се изградат други зборови. Кои зборови тогаш се бројат, а кои не?

Факт е дека кога пребројувате зборови од било кој јазик, морате да се одлучите за параметрите. Проблемот е во тоа што секој јазик е различен, така што еден сет на правила не може да се примени на сите јазици. Дотогаш веројатно и неколку илјади зборови ќе бидат доволни за пораката јасно да се пренесе.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me



Loading...