Ранливите социјални категории домаќинства кој живеат во најзагадените населени места во Скопје, Тетово, Битола и Кичево ќе бидат приоритет за бесплатна замена на нивните шпорети на дрва со инвертер-клима. Субвенцијата ќе биде во вид на ваучер во износ од 60.000 денари за купување на нов инвертер за затоплување, кој на изглед е идентичен со клима-уредите. Но, иако сè уште се чека конечната владина одлука за оваа мерка, според најавата, ќе бидат обезбедени до четири милиони евра од буџетот на државната фирма А.Д Електрани.

„Постапката прв дојден – прв услужен мислиме дека нема да биде фер, приоритет ќе имаат зоните со највисоки емисии во воздухот и ранливите таканаречените ранливите потошувачи. Во овој момент најцелисходна варијанта на имплементација е да се донесе законско решение во вид на ваучери во коишто граѓаните би ја добиле сумата на нивен избор да не биде Владата тоа да го прави…“, рече Јани Макрадули, Заменик-министер за животна средина.

Но, сите домаќинства кои би ја искористиле оваа владина мерка за бесплатно да ги заменат печките на огревно дрво со инвертери, ќе мора да потпишат договор со согласност дека нема веќе да се грејат на дрва. Потоа општините би контролирале дали тие ги палат шпоретите. Според очекувањата, оваа мерка, со која власта се стреми да го намали загадувањето на воздухот во зимеските месеци, би требало да почне да се споведува на почетокот на грејаната сезона. Сепак, претходно некои невладини организации реагираа дека системско решение за тоа проблем сè уште нема и оти мерките се задоцнети.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...