Критиките на Меѓународниот монетарен фонд се идентични со предупредувањата и на домашните тинк – тенк органзиации. Велат дека се за раст на платите, но тој да биде оправдан, а не вештачки. По одлуката за повисоки пензии, постои загриженост за пензискиот фонд.

„Во моментот кога ќе се надмине таа линија на продуктивност може да настанат неочекувани и непосакувани последици. Освен отпуштање на работници тука може да настане и пресија на работниците во однос на манипулирање на нивните работнички права. Секое покачување на пензиите над законската норматива  може да доведе до нестабилност на пензискиот систем што целосно може да го поткопа и буџетскиот дефицит“-изјави Тереза Кочовска, Фајнанс тинк.

Кочовска вели дека неколку пати се обиделе да и објаснат на владата дека за подобра реализација на капиталните инвестиции потребно е подолгорочно планирање на проектите. И годинава од државната каса нема да се потрошат планираните 400 милиони евра за капитални проекти, нешто слично како и претходните две години.

„Кога на расходната страна на буџетот се зголемуваат трошењата, во случајов сега зголемени трошења ќе има со пензиите, тогаш на краток рок ќе нема директен ефект врз капиталните инвестиции, бидејќи тие подолго време се под реализација. Треба да се најдат структурни решенија на среден и на долг рок за нивно проектирање и реализација“-рече Тереза Кочовска, Фајнанс тинк.

ММФ во својот извештај за Македонија не се согласува ниту со проекциите за раст на БДП на владата и на НБРМ и прогнозира помал раст на економијата за до година. Министерката за финансии Нина Ангеловска веќе изјави дека монетарците освен критики во извештајот напишале и позитивни зборови за фискалната политика на владата. Сепак главната поента на меѓународната финансиска институција е дека враќањето  од прогресивен во рамен  данок ги засенува започнатите реформи кои имаа добар почеток, но не продолжија со спроведувањето.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...