Централната изборна комисија во Косово ги објави конечните резултати од предвремените избори одржани на 6 октомври. Самоопределување е пoбедник на изборите со освоени 220 илјади гласови и  32 пратенички места. Демократскиот сојуз на Косово освои 206 илјади гласа или 29 пратеници. За партијата на екс претседателот на косовското собрание Карди Весели гласаа 178 илјади избирачи и освои 25 пратенички места. Алијансата за иднината на Косово на премиерот во заминување Рамуш Харадинај која на изборите настапи заедно со СДП доби 96 илјади или 14 пратеници, и 20 пратенички места добија партиите од малцинските заедници. Иницијатива на Фатмир Лимај и коалицијата Ново Косово на Беџет Пацоли не го поминаа прагот од 5% и не влегоа во Парламентот. Од партијата на Лимај рекоа дека ќе ги искористат сите законски механизми за жалби, бидејќи се убедени дека го поминале прагот. На отворените пратенички листи најмногу гласови освоил лидерот на Самоопределување, Албин Курти за кого гласале речиси 189 илјади избирачи. Потоа следува Вјоса Османи која беше кандидат за премиер од Социјалдемократската партија на Косово и која освои  176 илјади гласови. На изборите одржани на 6 октомври гласале нешто повеќе од 44 проценти од косовските граѓани и тие според оценката на  домашните и меѓународните набљудувачи со сите претежно наследени нерегуларности, биле добро организирани и транспарентни во поголемиот дел од земјата.

Alsat

Loading...

Shpërndaj me

Loading...