Претседателот на Косово, Хашим Тачи, повторно го покани лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, на консултативна средба. Во писмото, Тачи го кани Курти на состанок утре во 10 часот за да разговараат за формирањето на новата влада на Косово.

На 27 декември Тачи испрати две покани до Курти за консултативен состанок, но тој не се појави во Кабинетот на претседателот. По првата покана Курти рече дека не бил во земјава, а вториот пат – дека прашањето не било толку итно.

Според Уставот, Претседателот на Републиката му предлага на Собранието кандидат за премиер, во консултација со политичката партија што го има потребното мнозинство во Собранието. Партијата на Курти и на Демократскиот Сојуз на Косово се уште не постигнаа Договор за новата коалициска Влада.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...