Во Косово, иако ден претходно медиумите објавија дека е постигнат договор за гласање на демаркацијата на границата со Црна Гора, седница се уште не е закажана. Премиерот Рамуш Харадинај вели дека немa веќе што ново да се каже, а од Демократската партија на Косово со оптимизам велат дека на прашањето на демаркацијата му доаѓа крајот. Партиските раководства се на интензивни средби за да се осигураат дека гласањето ќе оди како што треба.

Shpërndaj me