Прашањето на исчезнатите веќе 20 години останува нерешено за косовските институции. Роднините од новата влада бараат за нивната судбина да се дискутира во Брисел. Дури тие очекуваат да бидат и дел од преговарачкиот тим во дијалогот со Србија. Самоопределување не ја исклучува можноста, но велат дека најпрвин треба да се разгледаат досегашните договори, потпишани со српската страна. Потпретседателот на Самоопределување, Бесник Бислими оценува дека неговата партија ќе почне преговори со сите релевантни домашни фактори, кои се засегнати од преговорите со српската страна. 20 години по војната, се уште не е позната судбината на 1650 исчезнати лица.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...