Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово се согласија за почеток на преговорите за создавање владина коалиција по изборите од 6 октомври. Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, изјави дека се согласиле за заедничко владеење со ДСК. Кандидатката на ДСК за премиер, Вјоса Османи изјави дека двете партии покажале добра волја за заедничко владеење, но конечната одлука за тоа ќе ја донесат надлежните органи на ДСК. А во Центарот за броење и резултати, денес попладне започна пребројувањето на 314 гласачки места за кои вчера одлучи Централната изборна комисија. Процесот се очекува да трае четири дена.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...