По пребројувањето на сите гласачки кутии, освен на оние од дијаспората, Самоопределување останува водечка партија и победник на изборите во Косово. Единствената дилема е дали коалицијата Фатмир Лимај – Бехџет Пацоли, со непроброените гласови од дијаспората ќе успее да го помине потребниот праг од 5%, за да заземе место во Собранието.

Инаку, денеска се огласија и Соединетите Американски Држави кои на граѓаните на Косово им го честитаат успешното завршување на парламентарните избори, наведувајќи дека со нетрпение ја очекуваат можноста да соработуваат со новата влада. Стеј Департментот „јасно става до знаење” дека очекува новата влада да биде подготвена „веднаш да се пушти” во разговори со Белград и да работи на договорот за нормализација на односите.

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, чија партија победи на неделните вонредни парламентарни избори, се сретна со американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет. На средбата, според Самоопределување амбасадорот посебно се интересирал за мерките за борбата против корупцијата, за економијата и ја акцентирал потребата за напредување во дијалогот со Србија, во правец на постигнување сеопфатен договор кој би донел стабилност и опстоен мир во регионот.

Besian Leka

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...