Во 2019 година во Косово стигнале голем број покани од Специјалниот суд, особено втората половина од годината. Покани добија и неколку команданти на ОВК, меѓу кои и премиерот Рамуш Харадинај и екс претседателот на косовското собрание и претседател на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Претседателот на Организацијата на воените ветерани на ОВК, Хисни Гуцати во интервју за Косовапрес вели дека годината што ја оставивме зад нас за нив била полна со предизвици. Гуцати рече дека многумина покани добиле да бидат како сведоци, но има и покани за осомничени. Според Гуцати, се очекува да бидат повикани и други поранешни лидери на ОВК. Ако почнат апсења, Гуцати вели дека не се исклучува и да се случат и протести. Специјалниот суд со седиште во Хаг беше основан со одлука на Косовското собрание во 2015 година. Од јануари 2019 година обвинителите на Специјалниот суд на распит повикаа повеќе екс припадници на ОВК, но засега нема обвиненија.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...