Амир Рахмани официјално е нов фудбалер на италијанската екипа од серијата Б, Хелас Верона. Рахмани ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до 2023 година. Хелас Верона до последен момент имаше конкуренција за Рахмани од белгиски Стандард Лиеж. Динамо Загреб ќе заработи 2,5 милиони евра од неговата продажба. Рахмани во последната сезона со Динамо Загреб одигра 26 натпревари и постигна 3 гола.

Капитенот на албанската репрезентација Мергим Маврај се враќа во екипата Гројтер Фурт каде играше три сезони. Тој потпиша договор за две сезони. 33 годишниот Маврај беше незаменлив во редовите на Гројтер Фурт, но подоцна играше и за Келн, Хамбургер и на крајот за Инглштад.

Манчестер Јунајтед постигна договор со Кристал Палас за Арон Ван Бисака. Договорот е вреден повеќе од 50 милиони фунти, а 21 годишниот Англичанец по потекло од Конго, пред да замине на одмор ќе оди на лекарски контроли во Манчестер Јунајтед. Неговата неделна плата во следните две сезони ќе изнесува по 80 илјади фунти неделно. Тоа е многу повеќе од досегашниот профит кој во Кристал Палас му изнесуваше 10 илјади фунти неделно.

Mahir Thaçi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...