Нема правда на виделина, туку само на хартија. Ова е една од причините зошто младите бегаат од својата грутка земја. За Алсат велат дека  со години ништо не се сменило во државата. Па така гледајќи секојдневно како „паѓаат“ судските предмети пред правдата, замреле и последните надежи.  Младите веднаш би заминале од татковината. Привлечни дестинации им се Хрватска, Германија, Малта, Швајцарија, Белгија и скандинавските земји.

Истражувањата на Институтот за деморкатија покажуваат дека луѓето сакаат да мигрираат, односно да ја напуштат земјата не толку  поради низок финансиски или социјален статус, туку повеќе поради отсуство на правда.

„Некоегзисентноста во правораздавањето, односно судски пресуди или  непостоењето на судска завршница е она што најмногу создава несигурност на луѓето и младите ги мотивира да ја напуштат земјата, отсуство на перспективата. Дополнително амбиентот во кој што тие растат, искуствата и праксите на корупција со кои се среќаваат според истражувањата кај нив го зголемува нивото  на толеранција кон корупцијата. Се повеќе одредени коруптивна пракса за нив стануваат прифатливи со цел да завршат одредени административни услуги или било што друго што треба да го добијат од државата“-изјави Марко Трошановски, Институт за демократија.

Македонија веќе подолго време добива сигнали од меѓународните организаии кои ја следат корупцијта во високите инситуции. Во низата поселден е изештајот на ГРЕКО кој посочи постоење на коруптивни постапувања.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...