12 нови случаи заразени со коронавирус во земјава во последните 24 часа, од кои 7  се од Скопје, вклучително и едно 2-годишно дете и 5 од Куманово. Меѓу заразените во Куманово се двајца лекри и една медицинска сестра кој биле во контакт со 57-годишната жена која почина пред неколку дена. Алсат дознава дека меѓу заразените има тројца полицајци. Бројот на заболени во сега достигна 148 со се излекуваниот  пациент и двајцата починати.

Од утре се воведуваат поригорозни мерки во градот. Се забранува влез и излез во Куманово со меѓуградски автобуски превоз. Се забранува и железничкиот патен сообраќај.

Министерот Филипче информира дека од денес Институтот за јавно здравје ќе тестира голем број на лица кои изминатите 14 дена беа  во изолација поради контактот со директорката на кожната болница. Засега заразени од корона вирусот има во 7 градови – Скопје со најмногу заразени 88.

 Бројот на заразени низ градовите
Скопје             -88 случаи
Дебар             -40 случаи
Куманово      -8 случаи

Штип             -7 случаи

Кавадарци    -2 случаи
Охрид             -2 случаи
Гостивар        -1 случај

Од Министерството за здравство ги известуваат сите лица кои имаат симптоми, дека треба да се јават кај нивниот матичен лекар и да не одат сами на клиника. Од суштинско  значење е граѓаните да одговораат искрено на сите прашања кои ќе ги постави нивниот матичен лекар. Во случај да е потребно тестирање, матичниот лекар договара термин преку „Мој термин“ на еден од четирите контролни пунктови, во зависност од местото на живеење на пациентот. Бројот на граѓани во изолација и карантин е 10 100. Во нашата земја починаа две лица заразени од коронавирус, 57-годишна жена од Куманово и 63-годишен маж од Дебар.

Përgatiti: Evi Shkopi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...