Истражувачите Макс Краус и Табет Толејмат пресметале дека на компјутерите за производство на биткоин во вредност од еден долар им е потребно околу 4.72 kWh, додека за производство на злато од иста вредност е доволно севкупно 1.39 kWh; пренесува порталот енаука.

Овие вредности потоа и споредиле со енергијата која е потребна за производство на бакар и платина во вредност од еден долар, кои трошат вкупно 1.11 kWh односно 1.67 kWh. Како што овие истражувачи наведуваат во списанието Nature Sustainability, сите други криптовалути, бараат далеку помалку енергија од онаа која е потребна за биткоинот.

Сепак, и покрај сите очекувања, потрошувачката при “ископување” на сите криптовалути, вклучувајќи го и биткоинот, всушност е незначителна во однос на алуминиумот, за чие производство од еден долар се потребни дури 33.9 kWh.

Исто така, треба да се има во предвид дека истражувачите во споменатите 4.72 квх, потребни за производство на биткоин во вредност од еден долар, не ја пресметале енергијата која компјутерите ја трошат при периферна активност, како на пример нивно ладење.

Во нивниот извештај, истражувачите исто така пресметале дека “копањето” биткоин за 30 месеци, помеѓу 2016 и 2018 година, доведоа до ослободување на три и 13 милиони тони јаглероден диоксид. Колку за споредба, тоа е количина на CO2 која за 30 месеци ја произведуваат милион автомобили.Сепак, истражувачите напоменуваат дека тоа и натаму е помалку од 0,01% од глобалните емисии.

Со оглед на тоа дека производството на криптовалути како што е биткоинот бара интензивна работа на компјутери и поголема потрошувачка на струја, очигледно е и нивното лошо влијание врз животната средина. Од друга страна, она што загрижува е фактот дека се дури добивката е виртуелна, штетата од биткоинот е доста реална.

Извор: енаука.мк

Loading...

Shpërndaj me