Независно од декларативните изјави, Европската Унија моментално не е подготвена да прими нови членки поради внатрешните проблеми со кои се соочува, изјави во Скопје поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан. Тој додаде дека за ЕУ неопходно е реформирање и внатрешна реконструкција, реформирање на фискалната политика, новото кадровско организирање во институциите и поставување на принципи за рамноправно функционирање на заедниците.

„На декларативно ниво се е јасно, се зависи од подготвеноста и блискоста на земјите кандидати за исполнување на условите за членство, да покажат способност за живот, вредност, одговорност и постапките кои се бараат за ЕУ. Сепак, треба да се постави прашањето од друга гледна точка: за способностите на ЕУ за примање нови членки. Убеден сум дека ЕУ каква што е, соочена со своите внатрешни проблеми, со нерешените концептуални и структурни прашања за проширување, не е подготвена“, изјави Милан Кучан- поранешен претседател на Словенија.

Но, домашните власти се оптимисти дека со бугарското претседавање, проширувањето со земјите од Балканот е поставен како приоритет.

Според германскиот професор Стефан Трепс, погрешна е перцепцијата дека балканските земји не се интегрален дел од Европа.

„Европа и Балканот се поширока тема, а од друга страна, од наша гледна точка, постои погрешка перцепција дека земјите од Балканот не се интегрален дел од Европа. Во мојата перцепција, јас почнувам од претпоставката дека Балканот е интегрален дел од Европа“, вели Стефан Трепс- германски професор.

Конференцијата на тема „Европа и балканските земји“ беше организиран по 13 – ти пат по ред од Американскиот колеџ.

Фатлуме Дервиши

Shpërndaj me