Додека контролата врз агенциите надлежни за прислушување тапка во место, директорот на Агенцијата за национална безбедност уверува дека институцијата работи законски. Но, дека може да има злоупотреба на прислушуваните разговори во Оперативно-техничката агенција и Агенцијата за национална безбедност, вчера предупреди од Граѓанскиот совет за мониторирање на безбедносните служби, кој во собранието треба да биде независен.

Маргарита Цаца Николовска, претседателка на овој совет, алармираше дека Собранието не им дава пари за експерите да го почнат набљудувањето на двете агнеции. Првиот човек на Агенцијата за национална безбедност вели дека нема да пречи во нивниот мониторинг.

„Периодот е прекраток, можеме да ветуваме, меѓутоа јас сакам да ве уверам, тоа го знаат и вработените, дека задачата што ја имаме да го реформираме безбедносниот сектор, да ги избегнеме замките и злоупотребите што беа правени во минатото и впрочем точно поради се пријде кон реформа на безбедносниот сектор, Агенцијата нема да падне во таа замка…“, рече Виктор Димовски, директор на АНБ.

За Граѓанскиот совет да може да ја контролира работата на АНБ и на Оперативно – техничката агенција, собранискиот спикер Талат Џафери од нив бара да му достават план за работа и начиниот на кој ќе ги трошат парите. И собраниската Комисија за надзор на спроведување на мерките за прислушување нема експерти по технологија кои ќе треба да можат да потврдуваат дали има злоупотреба или незаконски прислушувања.

Инаку, Агенцијата за националана безбедност ќе се полни со кадри кои ќе излезат од најстариот Универзитет, Свети Кирил и Методиј. Денеска директорт на АНБ и ректорот на овој универзитет потпишаа меморандум за соработка.

Игор Стефановски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...