Можеби делува чудно научниците сѐ уште да се занимаваат со случај од пред многу години, во време кога и онака постојат бројни проблеми на модерното време што мора да се решат. Но, некогаш, лекциите од минатото би можело да ни помогнат да се избориме со проблемите на денешницата.

Нова студија на Универзитетот “A&M” во Тексас го откри клучот на проблемот со мистериозната магла која однесе 12.000 животи, а испрати в болница повеќе од 150.000.

Маглата убиец се појавила во Лондон на 4 декември 1952 година и траела неколку денови. Причината за нејзиното појавување до денес беше мистерија.

Тимот на Ренај Занг дошол до неколку заклучоци. Азот диоксидот го претвора релативно безопасниот сулфур диоксид во смртоносна сулфурна киселина. Сулфатите биле главна компонента во маглата, поради што таа била отровна и со непријатен мирис. Се претпоставува дека маглата имала таков потенцијал поради специфичниот состав на димот, создаден од евтин јаглен што во тоа време се користел во фабриките, но и за загревање на домовите. Помогнат од азот-диоксидот, кој исто така се ослободувал низ оџаците се случила верижна хемиска реакција која ситните водени честички на маглата ги претворила во опасни капки од сулфурна киселина.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...