Топлото време кое ја зафати земјава ги натера граѓаните да бараат различни можности за освежување. Многу семејства, особено младите и децата, отидоа по езерата, реките и приватните базени за да поминат неколку часа во пливање и разладување.

Со пријатели, понекогаш со семејството.

Денес е жешко, времето е добро, супер е. Тука останувам 4-5 часа на ден. Од селото сме, дојдовме со пријателите бидејќи времето е убаво.

Дојдовме малку да се освежиме, да пливаме, местото е добро и нема многу луѓе.

Во меѓувреме, лекарите од Брзата помош советуваат, особено постарите лица и децата да избегнуваат излегување напладне и апелираат да се внимава со клима уредите. Засега нема зголемен број на повици за прва помош.

Лекарите ги советуваат хронично болните и пациентите со дијабетис правилно да ја примаат терапијата и за секој помал здравствен проблем да побараат прва помош.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me