Најпрвин го чистат отпадот од морињата, а потоа го рециклираат и од него изработуваат нараквици и ги продаваат. Тоа е успешната бизнис приказна на двајцата пријатели, Ендру и Алекс, сурфери кои пред неколку години ја добиле идејата за новиот бизнис и ја основале компанијата, „4оушн“. Една нараквица чини 20 долари, а на нивната интернет страница има поставено и бројчаник што во реално време покажува колку отпад имаат собрано. Компанијата досега има организирано чистење на плажи во 27 земји во светот.

Loading...

Shpërndaj me