Владата со иницијатива за реинтеграција на граѓаните кои побарале азил во некоја од земјите членки на ЕУ но не добиле и се вратиле назад. И додека досегашните стратегии не беа целосно спроведени во пракса, на денешната владина седница било одлучено да се формира нова работна група која ќе пронајде соодветен модел да се интегрираат повратниците кои 80% се Роми.

“Владата на истата седница донесе заклучок да се формира нова работна група со која ќе раководи Секретаријатот за Европски прашања, а ќе има и вработени од Министерството за труд и социјална политика и МВР. Оваа работна група има обврска да подготви нов модел за интеграција на сите повратници“-изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Од друга страна, Ромите кои се плашеа да зборуваат пред камерите велат дека се разочарани од дискриминацијата во образованието, здравството и при вработувања. Тие велат дека ќе направат се за да заминат од државата.

Еден 25 годишник кој 3 години работи надвор од државата вели дека никогаш нема да се врати тука, освен за одмор.

Според официјалните статистички податоци за 2017 година 5570 баратели на азил се вратени во Македонија, повеќе од 31 000 во Албанија, 13 545 во Косово, 8075 во Србија, 2660 во Босна и 825 во Црна Гора. Повеќето од земјите во Западен Балкан имаат или подготвуваат стратегија за реинтеграција на ромите вратени од земјите на ЕУ, но реализацијата на истите била слаба. За да се обезбеди ефикасна социо-економска заштита на државно и локално ниво за повратниците, УНДП, Светска Банка и ЕУ ќе инвестираат 2.6 милиони евра за проект кој се очекува да се реализира од 2020 до 2022 година.

Анеса Салиху

Loading...

Shpërndaj me

Loading...