Собраниската Комисија за транспорт и врски не ја почна расправата за Предлог законот за легализација на дивоградбите и оваа точка ја остави за расправа за друг ден. Поднесени се повеќе од 1.000 амадмани. Предлог законот предвидува граѓаните кој ќе сакаат да добијат имотен лист за своите бесправно изградени објекти, да го платат целиот износ на комуналните давачки, плус 50 проценти како казна или 150 отсто од сумата. Ослободување од овие давачки ќе имаат само социјално ранливите категории на граѓани. Легализација на дивоградбите нема да може да има во Охидско – струшкиот регион, за да се почитуваат препораките на УНЕСКО. Сегашното законско решение предвидува легализирање на дивоградбите по едно евро за квадрат. Доколку стапи на сила новиот предложен закон сите оние кои аплицирале по овој закон дивоградбите ќе можат да ги легализираат по едно евро. Со новото предложено законско решение граѓаните ќе имаат рок од шест месеци да поднесат документи за легализација.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...