Канадскиот премиер, Џастин Трудо, вршел притисок врз поранешниот јавен обвинител да ја запре истрагата против големата корпорација “SNC-Lavalin”, соопшти канадскиот комесар за етика, Марио Дион.

Како што јавуваат агенциите, извештајот на Дион се појави пред самиот почеток на кампањата за престојните општи избори закажани за 21 октомври. Според аналитичарите, тоа би можело, покрај лошиот рејтинг на владата, повторно да го отвори скандалот што веќе беше обелоденет во јавноста пред неколку месеци.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...