Град Скопје со видео старо еден месец ги убедува скопјани дека утринава прскал против комарци. Линкот од материјалот снимен од авион со објаснување дека е од утринското прскање е поставен на денешното соопштение на градските власти и објавен на официјалната веб-страница. Во информацијата за граѓаните градот наведува дека од денеска започнало продолжено и засилено прскање против комарци. Наместо два дена, прскањето ќе трае четири. Но, проблемот е што ова видео е поставено на каналот ЈуТјуб уште на 8 минатиот месец, а градот тврди дека е од денеска.

Алсат-М

Shpërndaj me