Националниот парк Чирибикете во Колумбија се зголеми со 1,5 милиони хектари површина со што влезе на листата на светското наследство на УНЕСКО. Паркот претставува најголемо и најбогато подрачје со биодиверзитет на светот, а за локалните жители тоа е свето место. Паркот опфаќа површина од 2,7 милиони хектари.

„Посветете се на одбраната на мирот и заштитете го ова чудо што го имаат Колумбијците. Ова е нашиот биодиверзитет и нашата средина, па затоа треба да го обезбедиме за идните генерации“, изјави Хуан Мануел Сантос, Претседател на Колумбија.

Територијата е под заштита од 1989 година. Колумбија е втората земја во светот со богат биодиверзитет, по Бразил.

https://www.youtube.com/watch?v=Z7rPWpSr5Ew&t=8s

 

Шефкије Аласани

Shpërndaj me