Користејќи ги податоците од Касини, леталото на НАСА, научниците заклучиле дека всушност ја решиле долгогодишната мистерија на Сончевиот систем: должината на траењето на денот на Сатурн.

Зошто досега со сигурност не можевме да утврдиме колку трае денот на Сатурн?

Имено, огромната гасна планета нема цврста површина и значајни обележја кои можат да се следат во текот на нејзината ротација. Исто така, Сатурн има и невообичаено магнетно поле кое ја крие брзината на ротацијата на планетата.

На крајот, се чини дека одговорот на ова прашање се крие во неговите прстени.

Кристофер Манковиќ, апсолвент по астрономија и астрофизика на Универзитетот UC Santa Cruz, ги проучувал мерењата на Касини направени над ледените прстени на Сатурн. Забележал дека прстените реагираат на вибрациите на самите планети, делувајќи слично како мерни инструменти со кои се мерат и бележат движењата на тлото при земјотреси.

Имено, внатрешноста на Сатурн вибрира на фреквенциите кои предизвикуваат варијации во гравитационото поле на планетата, а кое потоа делува на прстените.

Манковиќ, своето истражување го објавил на 17 јануари во списанието “Astrophysical Journal” и таму опишал како развил модели на внатрешноста на Сатурн и структурата која би одговарала на брановите на прстените. Тоа му овозможило да ги следи движењата во внатрешноста на планетата, а со тоа и нејзината ротација.

Според наодие, денот на Сатурн трае 10 часа, 33 минути и 38 секунди, што значи дека е само неколку минути пократко од проценката од 1981 година, кога леталото на НАСА Војажер, по пат на радиосигнали приближно ја одреди должината на траењето на денот на Сатурн.

Loading...

Shpërndaj me