Пред околу 10 000 години, неколку милиони луѓе живееле на Земјата, а до раните години на 19 век тој број не надминал една милијарда жители.

Денес светската популација ја има надминато цифрата над 7 милијарди. Според проценките на Обединетите нации, во 2100 година на Земјата ќе живеат околу 11 милијарди луѓе.

Самиот раст на светската популација не е толку проблематичен колку брзината со која расте потрошувачката на природните ресурси.

Научниците се поделени во однос на теориите за тоа колку луѓе можат да живеат на Земјата. Некои се на мислење дека границите на населеност се веќе надминати, некои сметаат дека дека Земјата нема да може да прифати повеќе од 8 милијарди жители во иднина., но одговорот зависи од многу фактори. Пред сè, колку светското население е подготвено да ја намали својата потрошувачка или колку е способно да создаде нови технологии кои ќе ни овозможат да трошиме помалку, а да го задржиме нашиот комфор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...