Од стапувањето на претседателската функција на Доналд Трамп, првата дама на САД, Меланија Трамп заработила мало богатство врз основа на договорот со „Гети-имиџис“.

Неодамна објавениот финансиски извештај открива дека Меланија во 2017 година заработила најмалку 100 000 долари за околу 187 фотографии од неа и семејството Трамп, фотографирани помеѓу 2010 и 2016 година.

Иако не е невообичаено познатите да заработуваат од своите фотографии, медиумите пишуваат дека во овој случај тоа е малку необично бидејќи станува збор за сопругата на актуелниот претседател.

Уште поголем проблем за медиумите кои ги користеле овие фотографии е обврската истите да бидат објавувани во позитивен контекст.

 

Shpërndaj me