До крајот на годината ќе заврши изградбата на колектори за фекални води на двете страни на Вардар. Нивната употреба се очекува да почне следната година, а за 3-4 години ќе се изгради и филтер станицата за Град Скопје. Европската Банка за инвестиции, го финансира проектот во вредност од 68 милиони евра и 10 милиони евра дополнителни грантови. Инвеститорите велат дека ова се прави за зачувување на амбиентот и усогласување на еколошките стандарди со тие на ЕУ.

“Проектот има за цел да помогне во третирањето на водата за граѓаните на Скопје, значи зборуваме за бенефит на 600 ,илјади луѓе што живеат во градот. Фекалните води се влеваат во Вардар, а тоа влијае многу во здравјето, заштита на животната средина и за здравјето на граѓаните“, изјави Дубравка Негре, претседателка за регионалната единица за Западен Балкан.

“Во областа на финансирањето на приватниот сектор преку Националната банка за развој ние предвидовме дека соработката со приватните банки тука била многу добра и позитивна и сме виделе високо ниво на добивање финансиски средства на приватниот сектор. Во развојот на инфраструктурата е видливо дека има предизвици во однос на подготвување на проекти и нивна реализација, но ова е и причина што ние исто така, на пример за објектот на фекални води, ве подржуваме со грантови за техничка институционална асистенција за да помогнеме во забрзување на подготвување на проектот и негова реализација. Ние мислиме дека ова е главната компонента која треба да го понуди Европската банка за развој во ова земја, а не само финансирање“, рече Андру МекДоуел, потпретседател на Европската инвестициска банка.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...