Роднините на 21 годишниот Андреа Реџепов од Шутка кој почина во затворот во Идризово се сомневаат во причините за неговата смрт. Тие велат дека нивниот син во затворот во Идризово не починал од прекумерна употреба на лекови, туку од големата бруталност на затворските стражари. Роднините исто така обвинуваат дека затворската управа не реагирала навреме за да му пружат лекарска помош.

Претставникот на ромската заедница од редовите на СДСМ, Геге Демировски, рече дека има докази за тврдењата на роднините. Тој го обвини екс премиерот Никола Груевски, кој според него, го инсталирал овој систем кој ги дискриминира Ромите во сите области.

Од затворот Идризово преку соопштение велат дека ги чекаат резултатите од обдукцијата за причините на смртта. Од затворската управа ги отфрлија обвинувањата дека брзата помош не дошла на време, а неофицијално велат дека починатиот не починал од телесни повреди. Андреа Реџепов издржуваше затворска казна од 12 години за разни кривични дела.

 

 

Вјолца Алити

Loading...

Shpërndaj me

Loading...