Туна-Против лошо расположение . Досегашните истражувања покажале дека луѓето што редовно консумираат риба која е богата со омега-3 масни киселини многу поретко страдаат од депресија. Исто така, туната е богата со селен, а познато е дека луѓето кои не внесуваат доволно селен се вознемирени, меланхолични и редовно уморни.

БосилекПротив стомачни проблеми.Босилекот содржи супстанции кои ги смируваат болките и грчевите во стомакот, а помагаат и против дијареја и нервозни црева.Користете го босилекот свеж во салати и сосови или пак консумирајте го во форма на чај.

Чај од ѓумбирПротив гадење.Многу истражувања потврдиле дека чајот од ѓумбир успешно помага при појава на гадење предизвикано од патување или утрински мачнини во текот на првите месеци од бременоста. Дополнително, ѓумбирот помага против дијареја.

Компири-Против главоболка Доволно е да изедете еден печен неизлупен компир за да ја намалите главоболката, особено ако таа се појавила поради дехидратација или ако е поврзана со консумирање алкохол.

Суво грозје– Против висок крвен притисок.Сувото грозје е богат извор на калиум, кој го намалува и регулира крвниот притисок.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...