Иако делуваат како силни и бестрашни и мажите понекогаш плачат. И тоа не е воопшто чудно, оти и тие се човечки суштества со душа која понекогаш е ранлива и немоќна…

Кога плачат мажите?

Плачат кога ги мажат ќерките, тоа се чудни солзи радосници измешани со неверување дека татиното девојче прераснало во жена која го напушта домот и ќе создаде нов дом. И освен солзите навираат и прашањата како ја воспитале, дали таа ќе успее во предизвикот наречен брак, дали ќе биде добра сопруга и мајка, како ќе се справува со проблемите… Солзите се за она девојче кое сега е насмеана и среќна жена и за фактот дека времето лета неповратно бидејќи тоа девојче кое некогаш било со раскрвавени колена, бунтовно и имало огромни проблеми со симпатијата од основно, а сега е вистинска возрасна девојка која го доживува најважниот ден во нејзиниот живот…

Мажите плачат кога се осамени. Сами и плачат, кога ги напаѓаат спомени за некоја љубовна приказна во која залудно верувале дека ќе биде среќна и ќе трае додека се живи. Борбата со спомените и стравот од иднината знаат да предизвикаат солзи.

Плачат и кога се изневерени. Сфаќаат дека не се единствени. Дека сега ќе мора да се навикнат да живеат без неа. Плачат оти онаа за која мислеле дека е вистинската постојано ги лажела.А лагите болат. Покрај болката, солзите се неминовни.

Иако можеби тоа никогаш нема да го признаат, тие плачат кога се неуспешни во кревет. Тоа може да му се случи на секој. Сопругата која некогаш била страсна љубовница, сега секогаш го врти погледот на другата страна од постелата и еднаш на неколку месеци глуми оргазам. А проблемите во постелата само се трупаат…

Знаат да пуштат по некоја солза и кога партнерките им се болни, па сите куќни обврски се на нив и се соочуваат со немоќта се да направат за неколку часа, плачат кога децата им се болни, се борат за да застанат на нозе, имаат проблеми, плачат кога животот им удира шлаканици на оние кои најмногу ги сакаат, оние за кои би дале баш се…

Loading...

Shpërndaj me

Loading...