Димовски: Ќе предложам Јанева да не до...
Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Ре...
Прочитај повеќе...Орце Камчев првo помош побарал од премиерот Зоран Заев. Прво нему му се пожалил дека му бараат пари за влијание врз предметот „Империја“ на СЈО во кое Камчев е еден од осомничените. Заев случајот го пријавил директно кај првите луѓе во обвинителството – Љубомир Јовевски и Вилма Рускоска. Во овој правец се движи расплетот на „Рекет“ во кој рекетар е Боки 13 а рекетиран е Камчев. Премиерот Заев, вчера самиот потврди дека до него стигнале жалби од неколкумина дека се уценувани.
„Да, се обратиле бизнисмени коишто не се од Скопје до мене за оваа работа, дека биле уценувани и секако се знае како постапува секој граѓанин, така постапува и премиерот, го пријавил тоа“, рече Заев.
Додека, обвинителството и власта ја убедуваат јавноста кој кому му кажал, кој прв пријавил, кој прв бил информиран, во СЈО, пристигнала белешка со која Катица Јанева отворила боледување. Таа поднесе оставка во понеделникот а боледувањето го отворила во вторникот. Нема информација од што е болна.
Оставката и боледувањето коинцидираат со апсењето на Боки 13 и неговиот рекет партнер, Зоки Кичеец и изнудата на 1,5 милиони евра од Орце Камчев за да ја запрат истрагата на СЈО против него. Аферата во која се најде Катица Јанева ја искоментира претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа.
„Јас сум разочаран од ова што го слушам последниве денови, меѓутоа повторно велам, инсистирам надлежните органи брзо да ја процесуираат целата работа, без задршки“, порача Пендаровски.
Обвинителството за организиран криминал веќе ги вештачи одземените компјутери и телефони на Боки 13 и Зоки Кичеец како и телефонот на Катица Јанева, преку кој треба да се покаже дали таа комуницирала со првоосомничениот Бојан Јовановски.
Бојан Стојановски
Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Ре...
Прочитај повеќе...Екипата на Реал Мадрид на утрешниот натпревар од шпанското фудбалско првенство против Еспањол, ќе игра во зеле...
Прочитај повеќе...Еден Италијанец го купи дресот кој „кралот на фудбалот“ Пеле, го носеше на неговиот последен натпревар во кари...
Прочитај повеќе...Непознати лица извршиле напад врз американска воена база, која се наоѓа во близина на нафтеното наоѓалиште „Ел...
Прочитај повеќе...