Штандовите на плоштадот Скендербег беа полни со изданија на албански и странски автори коишто ги нудеа издавачките куќи на Саемот на книгата што беше отворен денес. Но, бројот на оние кои застануваа да видат што се нуди на штандовите беше мал, а бројот на оние кои купија некоја книга, беше уште помал…

Треба да помине некое време, малку повеќе да се работи со младите, со факултетите, со средните училишта, со основните училишта, со наставниците, деканите, директорите на училиштата, треба да им дадат задача на наставниците, да ги донесат децата овде и по можност секое дете да купи по една книга. Ако почне да купува книги од основно, ќе ја има страста, ќе ја сака книгата. Ние, цела нација, не читаме -изјави Скендер Пашоли, Посетител.

„Драго ми е што е Кадаре на овој саем и многу други писатели, но се чувствувам малку нервозен. Разочарувањето доаѓа од Нобеловиот комитет, кој годинава нè разочара многу. Сè додека не го почитуваме албанскиот творец, не ја почитуваме чистата албанска литература, тогаш немаме причина да очекуваме од другите. Разочарувањето се гледа насекаде“, рече Сами Шерифи, Посетител.

„Сега како прв ден, како почеток, не сме многу среќни, но се надевам дека ќе се смени“, изјави Ријад Лимани.

Саемот го организира Здружението на албански издавачи, а застапени се издавачки куќи од Скопје, Приштина и Тирана.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...