Шведската полиција денеска соопшти дека е во потрага за маж кој последен пат е виден со маска на кловн и жолта облека. Со себе имал „нешто остро“ со кое преплашил осмогодишно дете кое одело на училиште.

Според зборовите на полицискиот портпарол, возач кој минувал во близина го забележал момчето и со свирката од колата го привлекол вниманието на кловнот и му овозможил на детето да избега.

Се претпоставува дека маскираниот напаѓач е на возраст околу 20 години. Мотивите за нападот се уште не се познати.

Пред две години сличен инцидент се случи и во Шведска, Норвешка и Данска, по што норвешните продавници за играчки престанаа да продаваат кловновски костими.

Loading...

Shpërndaj me