Граѓаните кои имаат проблем со инсталирање на апликацијата за поврат на ДДВ на паметните мобилни телефони треба да се обратат во некоја од регионалните канцеларии на УЈП. Оние пак кои не користат паметен телефон повратот на ДДВ ќе треба да го направат на „киоск – апарат“ кој дава услуги на три јазици: македонски, англиски, албански. Доколку сакаат поврат на ДДВ и пензионерите кои примаат само пензија, а беа ослободени од регистрирање за годишна даночна пријава, ќе мора да отворат свој профил.

„Потребно е да се избере јазикот. Се пишува корисничкиот број кој го имаат сите даночни обврзници кои се регистрирани на системот ЕПДД. Сега јас ќе го вметнам мојот кориснички број, овде стискам ентер, се пишува овде пинот кој е креиран кога ја креиравме апликацијата и ја инсталиравме на паметните телефони. Апаратот е готов да ја скенира вашата фискална сметка“, рече Михајло Михаилов раководител на контакт центарот на УЈП.

Од како сметките ќе бидат скенирани на овој апарат тие ќе бидат внесени и на профилот на лицето кое вршело поврат на ДДВ и потоа парите ќе легнат на нивната сметка, велат од УЈП. Вакви „киосци“ во земјава има во повеќе објекти на УЈП, а обуката ќе ја вршат волонтери.

Првенствено, граѓаните за да може да остварат поврат на дел од веќе платениот данок треба да бидат регистрирани во системот на УЈП. Треба да имаат своја трансакциска сметка, но и документи за лична идентификација, а и да се постари од 15 години.

За околу час и половина колку што екипата на Алсат беше во просторијата на УЈП само едно лице побара помош за поврат на ДДВ. Анкетиравме и дел од граѓаните, но се обидовме да поразговараме со пензионери, кои не баш сите користат паметни телефони. Поголемиот дел ни кажаа дека се уште не направиле поврат на ДДВ бидејќи не ја инсталирале апликацијата, но имаше и такви кои се пожалија на технички проблеми.

„Вчера околу 16 часот ја отворив својата втора мејл адреса и добив порака дека за 20 минути ќе добијат потврда дека е прифатена, и дојдете сабајле печатена да ја донесете. Чекам да добијам до 12 навечер ништо. Дојдов овде и ми рекоа да се пријавам на телефон за состаноци, ѕвонам на телефонот – телефонот не постои“, вели еден граѓанин.

Од УЈП велат дека од вчера има зголемен број на пријави  на бројот 198, на трговци кои не издаваат фискални сметки. Битно е граѓаните да знаат дека доколку се обидат да направат поврат на ДДВ на сметка која е платена во готово заедно со сметкопотврда, фактура или друг документ издаден кон правно лице, нема да може да направат поврат  на ДДВ. За прекршителите на оваа законска обврска предвидена е и глоба во износ од 250 евра.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...