Кина денес го повика Пјонгјанг да не се откажува од состанокот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун со американскиот претседател Доналд Трамп.

“Го поддржуваме подобрувањето на односите меѓу двете Кореи и промовирањето дијалог меѓу Пјонгјанг и САД, денуклеаризацијата на полуостровот, развојот на економијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните на Северна Кореја”, изјави кинескиот претседател Си Џипинг.

Портпалорот на министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг, изјави дека Северна Кореја и САД треба да осигураат самитот да се одржи според планот и да допринесат за суштински исход.

“Само на тој начин можеме да ја подобриме ситуацијата и да ги задржиме мирот и стабилноста во регионот”, изјави Лу.

Ким и Трамп би требало да се состанат на 12. јуни во Сингапур, но Северна Кореја утрово се закани дека ќе се откаже од состанокот наведувајќи дека не е заинтересирана за “едностран самит” чија цел е притисок врз Пјонгјанг.

 

Shpërndaj me