Неодговорен е воениот напад на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија под изговор дека сириските власти употребиле хемиско оружје, а без истрага, изјави Хуа Чуенјинг, претставничка на кинеското МНР.

– Забележавме дека високи претставници на тие три држави соопштија дека сириската власт „можеби“ употребила хемиско оружје. Сметаме дека е неодговорно извршување воена интервенција врз суверена држава со користење таков изговор, изјави таа на брифинг.

САД, Велика Британија и Франција во саботата извршија ракетни напади врз сириски владини објекти што според нив, се употребуваат за произвдоство на хемиско оружје.

Loading...

Shpërndaj me