Кина го одби барањето на два американски воени брода во следните недели да го посетат Хонгконг, пренесуваат американски официјални лица, сакајќи да останат анонимни.

Тие рекле дека бродот „Гин беј“ побарал дозвола кон крајот на овој месец да го посети Хонгконг, додека крстосувачот „Лејк Ири“, посакал тоа да го стори во септември.

И двете барања се одбиени.

Хонгконг била британска колонија од 1842 г, сѐ додека суверенитетот бил пренесен на НР Кина во 1997. Кинезите ветиле  дека Хонгконг ќе има релативно голем степен на автономија сѐ до барем 2047, педесетина години од трансферот на суверенитетот. Според политиката „една држава, два система“, Хонгконг ќе го задржи својот правен систем, валута, царинска политика, културно и трговско претставување, меѓународните спортски тимови и имиграциските закони, со тоа што НР Кина, односно централната влада во Пекинг, ќе го претставува Хонгконг дипломатски и воено.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...