Професорот Јове Кекеноски до Уставниот суд поднесе иницијатива за оцена на уставноста на законот за употреба на јазиците. Во неа тој ја оспорува содржината на Законот, но и постапката со која беше донесен.

Како што вели, при донесувањето на овој закон, претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби, морале да имаат во предвид дека за да биде усвоен законот потребно е две третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а не само 69 гласови и притоа да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Дополнително, Кекеновски наведува дека законот не е потпишн од претседателот, туку само од собранискиот спикер, Талат Џафери.

Слична иницијатива до Уставен најавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

Shpërndaj me