Не си ги извршувате обврските на време? Јапонците имаат интересна метода против мрзеливост.

Често се случува да започнете некоја работа со голем елан, а потоа да изгубите желба и да не ја завршите до крај. Зошто се случува ова? Затоа што ви е напорно? Затоа што ви станува здодевно? Јапонците ја имаат Кајџен, методата од една минута.

Суштината на оваа метода е да работите на тоа што сте го започнале, ама сконцентрирано, само една минута, и тоа да го правите секој ден во исто време. Бидејќи една минута не е многу време, ова е многу лесно изводливо за секого. И не може да ве фати мрза додека правите нешто. Затоа веќе немате оправдување што не вежбате, не медитирате, што не читате книга…

На овој начин ќе ја победите несигурноста, ќе се ослободите од чувството на вина и беспомошност. Дополнително, ќе чувствувате успех и слобода, а кога ќе ве облеат овие чувства, тогаш самите ќе почнете да ги зголемувате оввие едноминутни активности на пет минути, па на десет, па на половина час…

Кајџен можете да го применувате во сите сфери од животот. Потоа, кажете ѝ збогум на мрзливоста. Сè што ви треба е една минута.

 

Извор: hybread.mk

Shpërndaj me