Сите осомничени во случајот „Рекет“ кои се во притвор, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски се во одделни единици и немаат контакт еден со друг. Директорот на затворот Шутка, Есад Рахиќ, вели дека специјалната обвинителка Јанева е во специјален оддел и е сама во ќелија. Во интервју за Радио Слободна Европа, Рахиќ вели дека не дозволиле таа да биде во ќелија со други жени осомничени за убиства.

Рахиќ вели дека инцидентот во Шукта во кој беа вмешани екс функционерите на ВМРО ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, бил местенка за тие да излезат од затвор.

Рахиќ вели дека во Шутка има мала корумпирана група вработени и дека внесување или набавка на мобилен телефон чини двесте евра. Само изминатата недела биле пронајдени 10-15 телефони.

Alsat

Loading...

Shpërndaj me

Loading...