Во текот на летото ќе има прекројување на државната каса, најави премиерот Зоран Заев. Иако има катастрофална реализација на капиталните инвестииции од 6,2 отсто во првиот квартал, премиерот вели дека ребалансот ќе се прави поради тоа што има натфрлање кај приходите. Исто како и лани Заев е оптимист дека забрзување на капиталните проекти ќе има вториот и тертиот квартал. Поради растот на приходите најави и старт на нови капитални зафати, иако старите слабо се реализираат. Лошите податотоци за изградбата на капиталните проекти ги оправдува со заостанати фактури од минатата година кои се плаќале во првите три месеци годинава.

„Ребаланс на буџетот размислуваме заради одличните перформанси на буџетот, пред сè на приходниот дел кој што може да предвидат почеток и страт на нови капитални зафати во државата, само заради тој дел. Сè зависи од политичката состојба од државата. Од изборите успешни, неуспешни. Нашата проекција е димензионирана на успешни избори. Веројатно е можно во текот на летото“, рече премиерот Заев.

Според податоците за извршување на буџетот во првите три месеци за изградба на патишта, пруги, гасоводи, училишта и други проекти потрошени се замо 26,2 милиони евра од предвидени 420 милиони годинава. Во првите три месеци годинава приходите на буџетот се реализирани со над 21 процент, а вкупните расходи во трите месеци изнесуваат 801 милион евра што е 21,5 отсто од вкупно планираните. Лоша реализација на капиталните проекти имавме и лани, по што со ребалансот на буџетот Владата мораше да крати околу 100 милиони евра од оваа ставка.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me



Loading...