Катарскиот министер за енергија соопшти дека неговата земја сака да ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, што би требало да се случи веќе од следниот месец. Тој појасни дека Катар планира да го зголеми извозот на течен природен гас од 77 на 110 милиони тони годишно, како и дека планира да го зголеми производството на нафта од 4,8 на 6,5 милиони барели дневно.

Засега нема реакција од ОПЕК.

Loading...

Shpërndaj me