Општо познато е дека маслинката т.н “дрво на животот“ е природен еликсир за здравје и убавина.

Маслинките се богат извор на масла, минерали и витамините А, Е, К и Б.
Од сите собрани маслинки во светот, 90% се преработуваат во масло.
Луѓето на глобално ниво секоја година трошат 2,25 милиони литри маслиново масло.

Освен во исхрана, тоа се употребува и за лекови, за сапуни и за разни ритуали за разубавување и нега на кожата.

Честото конзумирање на маслиново масло може да ни донесе многу предности во секојдневниот живот, и тоа…

Маслиновото масло го зајакнува имунитетот, го заштитива срцето и крвните садови, а делува и против хроничните заболувања.

Маслиновото масло има антибактериско дејство.

Маслиновото масло ја подобрува и работата на мозокот.

Помага во намалувањето на телесната тежина.

Помага во намалувањето на телесната тежина.

Го намалува холестеролот и крвниот притисок.

Ја прави вашата кожа мека и беспрекорна, а вашата коса цврста и сјајна.

Со додавање на неколку капки маслиново масло во вашата секојдневна исхрана, покрај претходно наведените бенефиции ќе уживате и во вкусните оброци.

Здравствените придобивки од медитеранската исхрана се објавувани во бројни студии, кои ги потврдуваат придобивките од честата употреба на квалитетното маслиновото масло.

Како да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно?
Ако маслиновото масло е со висок квалитет, кога е изложено на ниска температура (на пример во фрижидер), тоа ќе добие на густина.

Употребата на маслиново масло резултира и со негуван и здрав изглед на кожата и косата.

Базичната смеса на повеќето креми кои се користат во медицинската козметика се изработува врз основа на токму – маслиново масло. Овој здрав еликсир е присутен во сите креми за хидратација на кожата за да се постигне ефект на здрава, негувана и видно подмладена кожа.

Освен во производите за нега на лице, маслиновото масло е во составот и на многуте маски за одржување на здрава коса полна со живот, скалп без првут, како и против опаѓање на косата и нејзино забрзано растење.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...