Конгресот на ФИФА денеска гласаше Светското првенство во 2026-та година да се одржи во Канада, САД и Мексико, кои ја победија конкуренцијата на Мароко. Ова светско првенство се очекува да биде посебно поради неколку причини. Имено, ќе биде прв мундијал со нов систем или 48 учесници, а исто така привлекува внимание бидејќи за првпат ќе се одржи во три различни земји. Северна Америка убедливо победи на гласањето со 134 гласа пред Мароко кој доби поддршка од 65 претставници.

Shpërndaj me