Забранети со закон но секаде достапни. Ова е дел од огромниот број огласи на социјалните мрежи за продажба на камери во автомобили. Цените се движат од 700 до 1500 денари во зависност од кваилтетот на самиот уред. Но покрај социјалните мрежи уреди за снимање додека возите, граѓаните можат да купат и во маркетите за бела техника. Нашиот закон предвидува парична казна од 400 евра за поставување уред во прватно возило.

„Поставување на уреди кои што снимаат во возилата се смета дека можат да снимаат и други лица надвор од физичкото лице и доаѓа до опасност тоа лице да може да се идентификува да му биде загрозена приватноста. На пример преку незаконско објавување на тој материјал на социјални мрежи на интернет, може да биде користен и за други цели“, рече Емилија Гиноска- Дирекција за заштита на лични податоци.

Граѓаните најчесто купуваат ваков вид на уреди, за да докажат дека не се виновни во случај на сообраќајна незгода, иако во судска постапка ваков видео запис неможе да се земе како доказ.Според законот за лични податоци секој оној кои има поставено камера е должен да ја отстрани.

„Само полицијата има овластување да поставува уреди за снимање на јавни места и во посебни возила во министерството за внатрешни работи  уредено со прописите во законот за безбедност на патиштата. И понатаму можат тие да се користат како доказ во прекршочна или кривична постапка“, додава Гиноска.

Во моментов Ирска и Русија се земји во кои е дозволено снимање додека возите, додека во државите од Европската унија сеуште е забрането со закон. Досега до Дирекцијата за заштита на лични податоци немало пријава од лице кое по овој основ му е нарушена приватноста. Аласт побара информација и од МВР дали досега имаат казнето некое лице кое има поставено ваков вид на уред но досега не добивме одговор.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...